Не ви одговара големината или моделот? Нема проблем. Согласно нашите правила за купување, производ што не ви одговара можете да го замените или вратите во рок од 15 дена од купувањето, доколку е неносен, со сите етикети и со фискалната сметка.

Како функционира

  1. Пополнете го барањето подолу. Наведете го бројот на нарачката и што сакате: замена за друга големина, друг модел или враќање.
  2. Ние ве контактираме во рок од еден работен ден и го договараме начинот на враќање на пратката.
  3. Спакувајте го производот во оригиналната состојба, со етикетите и сметката, и предајте го на курирот според договорот.
  4. Замена или поврат. Новиот производ ви го испраќаме веднаш штом ја примиме пратката. При враќање, парите ги уплаќаме на ваша банкарска сметка во рок од 7 дена од денот кога ќе ја примиме вратената пратка. Податоците за сметката (име и презиме на сопственикот, банка и број на сметка) испратете ни ги исклучиво по е-пошта на info@herline.mk — тоа е единствениот начин на кој прифаќаме банкарски податоци. Никогаш не бараме и не примаме податоци за сметка по телефон, SMS или преку социјални мрежи.

Оштетен или погрешно испорачан производ? Изберете „Рекламација“ во формата – замената е целосно на наш трошок.

Барање за враќање или замена










    Претпочитате телефон? Јавете се на 070 261 436, работни денови од 09:00 до 15:00, или пишете на info@herline.mk.