Her Line е нова линија која е пионер на македонскиот пазар. Конечно добивме квалитетен домашен бренд кој изработува костуми за капење, облека за на плажа, како и ултра модерна спортска опрема. Her Line e бренд на компанијата Viemi. Viemi е основан во 2003 година, како објект за производство на машки кошули со 22 вработени. Во текот на изминатите 16 години, компанијата се развиваше и експанзираше рапидно, додека ја одржуваше таа претприемничка искра од самиот почеток. Viemi извезува главно во Швајцарија, Германија и Данска. Нашиот производител се наоѓа во две згради во центарот на индустриската зона во Охрид. Моментално, Viemi располага со 5 производни линии од кои секоја е специјализирана за различна област. Нашата цел: Брза и сигурна испорака на производи, одлична грижа на корисници, највисоки безбедносни стандарди при плаќање и заштита на лични податоци. Загарантирана замена на производи, како и рефундирање на парични средства. Да развиваме нов вид на производи и услуги со кои дополнително ќе им помогнеме на сите наши онлајн корисници побрзо и полесно да ги следат сите наши активности, нарачки и продажби. Продолжуваме и понатаму да се грижиме за сите наши корисници и потрошувачи, да го зголемуваме бројот на брендови и најнови колекции.